Чешкиот шампион Талент Плзен, каде игра македонскиот интернационалец Никола Костески реди победи во домашното првенство.
Плзен сега славеше на гостувањето кај незгодниот Робе Жубри со 35-30, а одново лидер на шампионот беше Костески.
Македонското десно крило беше најдобар стрелец и успеа да постигне седум погодци во мрежата на Жубри.
Плзен сега има седум победи и едно реми во чешкиот шампионат, а следен предизвик ќе му биде гостувањето кај Маломерице.