Чешкиот првак Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, забележа нова победа во домашното првенство.
Плзен на домашен терен славеше со 28-22 во натпревар што беше реприза од минатосезонското финале на плеј-офот.
Македонецот беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне шест погодоци, од кои два од пенал.
Сега Плзен има 13 бода на врвот и е единствена екипа што не е поразена во седум кола. Следен предизвик за Костески и Плзен ќе биде дуелот со Робе Жубри.