Екипата на Спортинг Лисабон е следен ривал на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Португалскиот тим игра одлична во европската елита, моментално има „три од три“ и во Битола доаѓа по четврт триумф.
Тренерот на Спортинг Лисабон, Рикардо Коста, е претпазлив за дуелот со пелистерци и истакнува дека неговите избраници најмногу ќе треба да внимаваат на Филип Кузмановски.
,,Нѐ очекува многу тежок натпревар, но верувам дека можеме да победиме таму. За да дојдеме до победа мора да бидеме на нашето ниво и да внимаваме на Филип Кузмановски, кој е играч што прави многу разлика во играта на Еурофарм Пелистер. Ќе се подготвиме многу добро за овој натпревар и ќе се обидеме да додадеме уште една победа, која би била од огромно значење за нас и за нашите цели”, изјави Коста.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се одигра на 9 октомври во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 20:45 часо.