Португалија продолжува да биде хит репрезентација на ЕХФ ЕУРО 2024 откако денеска ја совлада Словенија со 33:30. Ракометарите на Пауло Переира, покажаа дека победата над Норвешка во претходното коло не беше случајност, а полетноста на португалскиот состав денеска на своја кожа ја почуствува и Словенија.
Најдобриот стрелец во досегашниот дел од Европското првенство и еден од најдобрите португалски ракометари, Мартим Коста, смета дека одбраната беше еден од клучните фактори за денешниот триумф над Словенија.
Се браневме одлично во клучниот дел од натпреварот, Рема исто така имаше неколку одлични интервенции . Знаевме дека Словенците се одлични во играта еден на еден и бевме добро подготвени за таквата игра.- изјави Коста.
Поругалија во групата 2 досега забележа два големи триумфи над Норвешка и Словенија,а следниот дуел го игра на 21.јануари против актуелниот Европски шампион Шведска.