Кадетската репрезентација на Косово испиша историја, откако се пласираше на Светското првенство што претстојното лето во Кина.
Со освојувањето на златниот медал на ИХФ трофејот што минатиот викенд се одржуваше во Узбекистан, кадетската селекција стана првата женска што обезбеди место на некој голем настан.
Косово во финалето на кадетскиот ИХФ трофеј ја совлада Нигерија со 22-16 и така го потврди своето место на Мундијалот.
Претходно Косово во полуфиналето победи против Нова Каледонија со 27-16, додека Нигерија беше пододбра од домаќинот со 22-18.
Кадетките се втора селекција од Косово, покрај младинците кои беа дел од СП 2019 во Шпанија, што ќе игра на голем ракометен настан.