Левиот бек на Веспрем и руската репрезентација, Сергеј Марк Косоротов, се наоѓа пред камбек во Висла Плоцк.
Според „Handball Basse“ и „ТВП Спорт“, левиот бек и полскиот првак веќе ги договориле личните услови, па се чека на официјализација.
Косоротов во 2022 година од Висла замина во Веспрем, но ниту кај Илиќ, а уште помалку кај Пасквал ја добива посакуваната улога.
Висла пак по заминувањето на Лучин минатото лето остана ослабена на левата бековска позиција, па во Косоротов гледаат едно од решенијата.