Недим Ремили, еден од клучните столбови во системот на селекторот Гијом Жил, е принуден да го откаже настапот на Европското првенство.
Овој неочекуван удар доаѓа само два дена пред првиот натпревар на „триколорите“ и сериозно ги нарушува плановите на стручниот штаб.
Иако десниот бек беше во фаза на рехабилитација од повреда на левиот бут, нова болка во листот на истата нога наложи итни медицински прегледи, на кои е утврдено дека станува збор за акутна повреда што го прави невозможно играњето на ЕП.
Поради новонастанатата ситуација, Жил експресно го повика Ајмерик Зепфел од Екс Ан Прованс, кој ќе се приклучи на репрезентацијата.
Франција го започнува настапот на ЕП на 15 јануари против Чешка, а во групата се уште Норвешка и Украина.
























