Со 10. триумф по ред сезонава во Супер лигата, против Пролет 36-27 (20-16) актуелниот вицепрвак Вардар останува единствен тим што ги има освоено максималниот број на бодови, 20. Комбинираше тренерот Иван Чупиќ на средбата, имаше „измешан“ состав, па и без шестмина играчи ги освои бодовите.
Во тимот на Вардар немаше шестмина играчи: Еспиња, Лазаревски, Борозан, Боно, Тузолана и Талески. Во тимот на Пролет гонемаше искусниот Василевски кој има проблеми со рамото, па го немаше ниту на клупата на домаќините. Кај домаќините по пауза од една година на терен беше и пивотменот Стефан Стојчевиќ кој имаше повреда што долго го оддалечи од ракометот. Но, сега повторно се врати, и тоа со гол.
Поважно беше да се постигне гол, па затоа уште на полувреме двете мрежи беа „полни“, вкупно 36 гола, и само 6 одбрани на голманите на двете страни. Горига даде 6 гола, а Палевски и Стоилевски по 5 за Пролет.
Во отсуство на повеќе играчи Чупиќ му даде шанса и на Ќосевски наместо на десно крило да игра на десен бек, Кавада одигра најмногу досега на среден бек, а голема минутажа доби и Атанасовски како пивотмен.
Се мачеше Вардар во првото полувреме, бидејќи имаше „невообичаен“ тим, па му требаше време на привикнување. До 22 минута резултатот беше 13-13, по што следуваше серија од два гола на Вардар за водство 15-13. Два гола беше највисокото водство дотогаш, но во 27 минута „црвено-црните“ првпат отидоа на „плус 4′ за водство 18-14. Таа предност остана и на полувреме.
Само што почна второто полувреме, и Вардар „уфрли во повисока брзина“. Од четири, предноста се зголеми на 6, па седум гола, за да стигне до 27-19 во 44 минута. Веќе немаше дилеми како ќе заврши средбата. Вардар имаше 15 играчи, но поквалиттена клупа која можеше подобро да игра, да смени ритам и да направи убедливо водство.
Повторно Ќосевски играше на десен бек, а Јака Малус беше лев бек. Намали Пролет на 27-21, а Вардар брзо врати со два гола, и тренерот Никола Матлиевски мораше во 46 минута да го побара и третиот тајмаут на средбата. Немаше концентрација во играта, па се обидуваше нешто да смени.
Во последните десет минути Вардар влезе со предност од девет гола (33-24). Беше јасно дека гостите ќе ги освојат бодовите, па шанса добија и оние од клупата: Крстевски, Јовиќ, Стојчевќ, Трајков. Немаше време за голем пресврт, туку само се бараше шанса за пораз со помалку голови.
























