EUROPEU SUB 20 SWE x SRB, em Matosinhos, no Centro de Desportos e Congressos de Matosinhos

„Кос погреши, ама не го заслужи ова што му се случува…“

Претседателот на Управниот одбор на Ракометната федерација на Република Српска, Маринко Умичевиќ, му даде целосна поддршка на младиот српски репрезентативец Милош Кос.

Против левиот бек, кој беше суспендиран по инцидентот во соблекувалната на хрватскиот шампион во ноември, пред извесен беше поднесена кривична пријава до надлежното oбвинителство во Загреб.

,,Добро го познавам ова момче кое ракометната кариера ја започна во Козарска Дубица и на кого му даваме целосна поддршка. Познато е дека ги помина сите младински селекции на Република Српска и дека е избран за најдобар меѓу најдобрите на бројни кампови и суперлигашки натпреварувања. Неспорно е дека направи грешка, која можеме да ја препишеме на неговата младост, а сигурно не го заслужи ова што му се случува деновиве”, изјави Умичевиќ.

За младиот Кос едно е сигурно, тој нема кариерата да ја продолжи во Загреб, а во Србија се шпекулира дека за неговите услуги заинтересирани се Војводина и Партизан, но и неколку бундеслигашки екипи.

Нема крај на сапуницата „тепачка во Загреб“ – Милош Кос пријавен во полиција!

 

 

Загреб бара начин да раскине со Кос, но бара и 200.000 евра!

 

Кос не гледал кај мава – поради повредите Мандиќ може да го пропушти СП!