По кадетскиот шампионат, претстојниот викенд ќе биде комплетирано и првенството во машка пионерска конкуренција.
Откако се одиграа реваншите од четвртфиналните средби, познати се четирите екипи што ќе се борат за титула.
Водечката четворка во Супер лигата – Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и тимот од Автокоманда, ќе имаат свои претставници на Ф4 во пионерска конкуренција.
Сите четири екипи остварија двојни победи над своите ривали, три двомечи завршија со двоцифрени победи, а само Еурофарм Пелистер 2 го елиминира Динг од Струга со пет погодоци разлика.
Полуфиналните двојки ќе бидат познати утре, а домаќинот на завршниот турнир ќе биде познат в четврток.
Пионери, четвртфинале:
Вардар – Мулти Есенс 28-13, 24-9
Аеродром – Алкалоид 17-20, 14-28
Охрид – Тиквеш 16-10, 19-10
Еурофарм Пелистер 2 – Динг 9-5, 9-8