Ракометарите на Иври, кој неодамна испадна во Втората лига, отворено го бараат заминувањето на својот тренер Дидие Динар.
Тие ги оспоруваат неговите методи и го критикуваат фактот што тој постојано е на боледување, додека истовремено ја извршува улогата селектор на репрезентацијата на Црна Гора.
Динар пристигна во Иври во јануари 2023 година, во момент кога осумкратниот шампион на Франција се соочуваше со сериозни финансиски ограничувања.
Играчите, според сведочење на еден од нив, едногласно ги осудуваат „бруталноста“ и „токсичниот менаџмент“ на Динар додека бил активен во клубот. Особено ги збунува и револтира фактот што тој може да ја води репрезентацијата на Црна Гора (селектор од ноември 2024), а истовремено да биде на боледување кога станува збор за обврските во Иври.
„Никој не разбира како некој може да биде неспособен за работа во клубот, а во исто време способен да работи во странство, при што е и многу активен на социјалните мрежи. Во секој случај, ние не сакаме тој повеќе да нè тренира“, изјавил еден од играчите.
По враќањето од репрезентативна пауза на 20 октомври, Динар – кој тогаш повеќе не бил на боледување, се појавил на тренингот закажан за 21 октомври. Но, на негово изненадување, ниеден играч не се појавил.
Професионалниот тим побарал средба со клупското раководство, на која повеќе од еден час и половина ги изложил обвинувањата за „токсични, понижувачки и вознемирувачки методи на менаџмент“ од страна на тренерот.
После ова, многу веројатно Динар во иднина ќе биде само селектор на Црна Гора, а нема да биде активен на клупски план.

























