Со одигрувањето на квалификациските реванш средби, се комплетираше списокот на 32 екипи што ќе играат оваа сезона во Лигата на Европа.
Шведските Савехоф и Карлскрона, шпанската Бидасоа, швајцарските Берн и Луцерн, српскиот Партизан, норвешкиот Елверум, германскиот Хановер, францускиот Сен Рафаел, данскиот Скандерборг со втори победи убедливо се пласираа во групната фаза од ЛЕ.
Најинтересно беше на реваншот меѓу исландскиот Стјарнан и романската Баја Маре, кој заврши реми, исто како и првиот меч, па мораше да се реши на пенали.
Таму Баја Маре беше подобра и стана вториот романскиот претставник во групите по Потаиса Турда, додека Сесвете ја надмина негативата од првиот меч со Дуго Село и успеа да обезбеди место во група со Вардар, Тулуз и Кристијанштад.
Групната фаза ќе почне на 14 октомври, а ќе заврши на 4 декември, по што ќе бидат познати патниците во главната рунда.
Лига на Европа, квалификациско коло, резултати:
Стјарнан – Баја Маре 26-27 пен., 26-26
Савехоф – Малме 38-36, 38-28
Брага – Бидасоа 24-30, 26-35
Криенс – Горење 32-25, 27-25
Карлскрона – Хробри Глогов 37-35, 33-30
Карвина – Партизан 26-30, 28-32
Сесвете – Дуго Село 35-24, 29-32
Торелавега – Елверум 28-29, 28-38
Алкалоид – Хановер 28-29, 27-37
Сен Рафаел – Морс 35-32, 45-32
Берн – Чаковец 42-27, 31-28
Маритимо – Скандерборг 31-36, 25-38
Група А
Флензбург
Потаиса Турда
Сен Рафаел
Бидасоа
Група Б
Монпелје
Островија
Кил
Берн
Група Ц
Гранољерс
Слован Љубљана
Скандеборг
Баја Маре
Група Д
Порто
Фрам
Елверум
Луцерн
Група Е
Мелсунген
ФТЦ Будимпешта
Бенфика
Карлскрона
Група Ф
Кристијанштад
Вардар
Тулуз
Сесвете
Група Г
Фредериција
Татран Прешов
Хановер
Савехов
Група Х
Кадетен
Нексе
Адемар Леон
Партизан
Сесвете и Жељко Бабиќ ќе бидат ривал на Вардар во групната фаза од Лига Европа