Колстад си ја заврши домашната, ПИК Сегед испушти „плус пет“ против Барса

Норвешкиот шампион Колстад на домашен терен славеше над Магдебург со 31:27 во претпоследното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Колстад со денешната победа остана во игра за пласман во осминафиналето, а за место меѓу најдобрите 12 екипи ќе се бори против Келце во последното коло.

Овие две екипи, плус Магдебург, имаат по 11 бода на свое конто, а германскиот тим за последен ривал ја има екипата на ПИК Сегед.

Најзаслужен за победата на домаќините беше Симон Јепсон, кој беше шутерески расположен, постигна 11 погодоци од 14 обиди, девет додаде Бјорн Гудјсонсон, додека кај бундеслигашот се истакна Матијас Муше со девет погодоци.

Иако ПИК Сегед можеше да и се одмазди на Барселона за минималниот пораз од првото сезонско соочување, сепак, пред својата публика одигра само реми, 29:29.

Речиси во целиот натпревар контролата ја имаше унгарскиот вицепрвак, кој на моменти водеше со четири-пет разлика, на пауза замина со 17:14, но гостите се бореа до последната секунда.

Голот за реми го постигна  Дос Сантос на десетина секунди пред крајот, а за домаќините немаше доволно време за евентуална реализација.

Кај ПИК Сегед се истакна Марио Шоштариќ, десното крило имаше шест реализации, на спротивната страна, исто така, Алеиш Гомез запиша шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107