Норвешкиот шампион Колстад, кој извесен период имаше финансиска криза, објави дека е продолжена соработката со младите – Ерленд Џонсен и Магнус Столефјел.
Десното крило Џонсен и левото крило Столефјел се обврзаа на нови договор, до 2027 година, па така Колстад ќе може да смета на нивните услуги уште неколку сезони.
Двајцата ракометари дадената минутажа на домашна и европска сцена максимално ја искористија во досегашниот тек од натпреварувачката сезона.
Колстад засега е мирен на трансфер пазарот, познато е дека клубот по оваа сезона ќе го напушти искусниот голман Торбјорн Бергеруд.
Сандер Сагосен има договор до 2028 година, додека Сигвалди Гудјонсен потпиша до 2030 година. Ага Ветле има договор до 2027, исто како и Горан Јоханесен, додека Магнус Гулеруд потпиша до 2028 година.
Сепак и покрај тоа постои интерес од други клубови за Сагосен.