Двократниот шампион на Норвешка, Колстад, кој и во следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, го промовираше четвртото засилување.
Ново име во тимот на Кристијан Берге ќе биде повремениот репрезентативец на Шведска, левиот бек Симон Јепсон.
28-годишниот ракометар од сезона 2020/21 настапува во Бундес лигата, поточно во тимот на Ерланген, претходно беше дел од Луги.
Двете страни се договорија на двегодишна соработка, па така Швеѓанецот во Норвешка ќе игра најмалку две сезони.
Колстад претходно се засили со двајцата репрезентативци на Исланд, кружниот напаѓач Свен Јохансон и средниот бек Гунар Оскаросон, како и Магнус Сондена од ривалот Елверум.
Норвешкиот шампион во дебитанската сезона во ЛШ играше и против старо-новиот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер.