Колонија екс пелистерци го средија босанскиот шампион!

Тимот на Горажде направи големо изненадување, откако во 22 коло од босанскиот шампионат славеше против првакот Извиѓач Љубушки со убедливи 37-29.

Во победничкиот состав играат многу ракометари што во дел од своите кариери играа во Македонија, а најмногу во Еурофарм Пелистер.

Меѓу најзаслужните за триумфот над Извиѓач, кој е полуфиналист и во Европскиот Куп, беа некогашните пелистерци – голманот Харис Плех, како и кружниот напаѓач Елмир Граџан.

Во Горажде играат и Богдан Николиќ (екс Еурофарм Пелистер, Струга, Бутел Скопје), Вук Лакичевиќ (екс Струга), Кемал Фазлиќ (екс Металург), Милош Благојевиќ (екс Куманово)…

Тренер на Горажде е прославениот и трофеен Касим Каменица, кој остави длабок траг во македонскиот ракомет. Тој ги водеше Еурофарм Пелистер, Кометал Ѓорче Петров, Mладост Богданци…

Горажде се бори за опстанок во босанскиот шампионат, има 20 бодови на 10 место на табелата и на четири кола до крајот има само бод повеќе од Вишеград кој се наоѓа на 13 место што води во понизок ранг.