Колев и Мишевски со прва победа во Франција

Тимот на Курнон Доверњ, каде тренер е Марјан Колев, а игра Марко Мишевски, ја запиша првата победа во Втората лига на Франција.

Курнон Доверњ на домашен терен славеше против Маси со 30-28, откако по паузата беше 11-11, но во вториот дел тимот на Колев го скрши отпорот на гостите. Мишевски не погоди, но подели три асистенции до соиграчите.

На Курнон не му тргна добро оваа сезона, доживеа три порази – дома од Понто Комбо и Фронтињан, но и на гости од Сарбурж.

Потоа тимот на Македонците одигра реми на гости кај фаворизираната Селеста, а во петтата рунда го забележа првиот триумф.

Во следното коло, Курнон Доверњ ќе му гостува на тимот на Анже.