Тимот на Курнон Доверњ, каде што тренер е Македонецот Марјан Колев, запиша победа во француската Про Лига.
Курнон Доверњ славеше на домашен терен против составот на Безансон со 31-23, откако и на полувремето водеше со 15-12.
Сега тимот предводен од македонскиот стратег има 14 бода и се наоѓа на десеттото место, што е шест бода помалку од Понто Комбо кој се наоѓа на шестата позиција што води во плеј-офот за француската елита.
Следен предизвик за Колев и Курнон Доверњ ќе биде гостувањето токму кај Понто Комбо и ќе има шанса со победа уште повеќе да се доближи до првата половина на табелата.