Тимот на Брод, каде играат двете македонски репрезентативки Ана Марија Коларовска и Драгана Петковска, загуби кај Рудар со 35-30.
Во натпреварот од 19 коло во хрватскиот шампионат, Брод уште на полувреме со шест гола разлика, 17-11, а во вториот дел беше подобар но недоволно за нешто повеќе.
Петковска на голот на Брод успеа да запише шест интервенции, додека Коларовска беше меѓу најдобрите стрелци во поразениот тим.
Македонската репрезентативка успеа да постигне шест гола од осум обиди, подели две асистенции, изнуди два седмереци и украде една топка.
Формата на Коларовска и Петковска може да го радува селекторот Грчевски во пресрет на решавачките средби на женската репрезентација за пласман на ЕП 2026.

























