Тимот на Брод, каде што настапуваат македонските репрезентативки Ана Марија Коларовска и Драгана Петковска, запиша пораз во хрватскиот шампионат.
Во натпревар од 15 коло на гостувањето кај Сињ, Брод загуби со 34-31, откако и на полувремето имаше негатива, 18-14.
Коларовска го имаше своето деби како интернационалка и на првиот натпревар постигна шест гола од седум обиди со што беше втор стрелец.
Петковска на голот забележа четири интервенции, додека екс членката на Металург Автокоманда, Петра Јершек стрелаше три пати.
























