Денеска во Копенхаген од 16:30 часот ќе се одржи ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2026 што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.
Машката репрезентација на Македонија е рангирана во вториот шешир пред ждрепката и може да добие група по мерка на патот кон ново учество на континентален собир.
Ќе бидат формирани осум групи по четири селекции, а по шест одиграни меча – секој со секого дома гости, прво и второпласираните ќе обезбедат место на ЕП, како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.
Македонија нема да може да игра со Чешка, Србија, Црна Гора, Австрија…а убаво би било кога од третиот шешир би ги избегнале Швајцарија и Романија.
Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три ЕХФ недели. Започнуваат веќе во октомври оваа година (4-10/10), потоа во март 2025 година (10-16/3) и во мај 2025 (5-11/5), по што ќе бидат познати сите учесници на ЕП 2026.
Лесни групи не може да има, но може да има полесни од тешките.
Најтешка група за Македонија:
Шпанија, Македонија, Швајцарија, Грузија
Најлесна група за Македонија:
Холандија, Македонија, Белгија, Луксембург