Со комплетирањето на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите познати се осминафиналните и четвртфиналните парови.
На патот до Келн и завршниот турнир во „Ланксес Арена“ остануваат уште 12 екипи, а четири од нив, ќе имаат само една пречка.
Најголеми возбудувања се очекуваат на пресметката меѓу ПИК Сегед и Келце, но и на двобојот на титаните Веспрем и ПСЖ.
Полскиот првак Висла Плоцк ќе се соочи со Спортинг Лисабон, додека Нант ќе се бори за четвртфинале против ГОГ Гудме.
Лига на шампиони, осминафинале (1/2 април – 8/9 април):
ПИК Сегед – Kелце
Спортин Лисабон – Висла Плоцк
ГОГ Гудме – Нант
Веспрем – ПСЖ
Лига на шампиони, четвртфинале (29/30 април – 6/7 мај):
ПИК Сегед/Келце – Магдебург
Спортинг Лисабон/Висла Плоцк – Алборг
Веспрем/ПСЖ – Фуксе Берлин
ГОГ/Нант – Барселона
Лига на шампиони, Ф4 (13/14 јуни)

























