Кој против кого ќе брка ЕП – во иста група се Унгарија, Црна Гора, Фарски Острови…

Денеска во Лисабон беше извршена ждрепката за квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2028 година.

Најинтересно ќе биде во групата 4, каде што се селекциите на Унгарија, Црна Гора, Фарски Острови и Косово.

Во групата 5, Словенија ќе биде фаворит, но ќе има голема битка за второто место, исто како и во групата 6, каде Франција е фаворитот за првата позиција, а останатите три селекции имаат шанси за второто место.

Пласман на ЕП ќе обезбедат прво и второпласираните во сите групи, како и четирите од осумте квалификациски групи.

Континенталниот собир ќе се одржи во четири града во Швајцарија, Португалија и Шпанија – Цирих, Мадрид, Валенсија и Лисабон од 13 до 30 јануари 2028 година.

Македонија ќе игра против Шведска, Грција и Луксембург во групата 8.

Македонија ги дозна ривалите – еве кои стојат на патот до ЕП 2028!