Повеќе од шест месеци нè делат до почетокот на женското Светското првенство 2025, кое заеднички ќе го организираат Германија и Холандија, а подготовките се веќе во завршна фаза. Ждрепката е закажана за 22 мај во Хертогенбош, со почеток од 18:00 часот.
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги додели последните две вајлд-карти на Хрватска и Кина, со што е комплетирана листата од 32 репрезентации.
Првенството ќе се одржи од 26 ноември до 14 декември во пет градови – три во Германија (Дортмунд, Штутгарт и Трир) и два во Холандија (Ротердам и Хертогенбош). Финалниот викенд, вклучително и полуфиналето и финалето, ќе се игра во Ротердам.
Најсилните европски селекции се најдоа во првиот шешир – актуелниот светски првак Франција, олимпискиот шампион Норвешка, бронзените од последните две светски првенства Данска, како и домаќините Германија и Холандија. Таму се и Шведска, Унгарија и Црна Гора.
ИХФ го одобри и предлогот на локалните организатори да се распределат селекциите во различни градови според бројот на навивачи и резултатите од претходните натпреварувања. На пример, Франција ќе игра во Хертогенбош, додека Норвешка и Фарските Острови ќе бидат сместени во Трир. Германија ќе игра во Штутгарт, а Холандија во Ротердам.
Хрватска, како селекција што доби вајлд-карта, е дел од четвртиот шешир, заедно со Кина, Египет, Иран, Уругвај, Казахстан, Парагвај и Куба.