Иако го добивме тоа што го посакувавме сите – да играме во хрватската половина на СП 2025, сепак нема да оди се толку лесно кога се во прашање навивачите и патувањето во Вараждин.
Сместувачки капацитети во овој град блиску до границата со Унгарија има малку, дел од нив и пред ждрепката веќе беа резервирани, а дел веднаш откако се дозна кој каде ќе игра, па останаа оние најскапите, што чинат повеќе од 2.000 евра за една седмица.
Сега остануваат околните места до Вараждин, ако има опција да се најде сместување, ако не…останува опцијата да се гледа СП 2025 на ТВ.
За разлика од 2009 и 2018, кога „Фалангата“ токму поради близината и пристапните цени во текот на целото првенство беше со македонската репрезентација, сега јасно е дека или ќе се „букира“ сместување надвор од градот или во околните места, или ќе се доаѓаа во Вараждин на краток престој.
Покрај проблемите со сместувачките капацитети, останува неизвесноста и околу билетите за групите во Пореч и Вараждин, бидејќи домаќинот Хрватска има пуштено во продажба само за натпреварите во Загреб.
Македонија ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја, и има добри шанси за пласман во главната рунда на Мундијалот.