Членот на Вардар, Ларс Коиј, повторно доби доверба од селекторот на Холандија, Штафан Олсон, и ќе биде во составот на „лалињата“ на Светското првенство 2025.
Кружниот напаѓач во досегашниот тек од сезоната имаше одлични партии во вардаровиот дрес, како на домашна, така и на европска сцена.
Коиј во интервју за порталот handbalinside.nl зборуваше за новиот предизвик во неговата кариера.
„Морав да се прилагодам на балканската култура. Луѓето во Македонија се многу страствени, но знаат и негативно да коментираат. Имам добри недели, но и лоши недели. Во шампионатот во Македонија има големи разлики. Можеме да играме одлични натпревари против шест екипи, но има и натпревари во кои однапред знаеш дека ќе победиш”.
Холандија е токму еден од ривалите на Македонија на Мундијалот во јануари.