Кои се идните ѕвезди на европскиот ракомет – еве го Ол Стар тимот на кадетското ЕП

Идеалниот тим на кадетското Европско првенство е составен од репрезентативци дури од девет селекции, а единствена со двајца претставници е вицепрвакот Данска.

Синот на Зоран Рогановиќ, екс црногорскиот селектор, кој настапува за Шведска, беше најдобар стрелец на Швеѓаните во финалето со шест гола и ја доби титулата МВП

Од Данска доаѓа најдобриот голман Фредерик Мелер Вулф и најдобриот десен бек Оскар Мелер Јакобсен. Тие двајцата се враќаат дома и со сребрен медал.

На бековските позиции место во идеалниот тим имаше и за Исланѓанецот Дагур Хеимисон и Србинот Ѓорѓе Драшко. Најдобриот дефанзивец доаѓа од Унгарија, додека најдобриот пивот од Германија.

Најдобрите крила се од Франција и Шпанија, додека најдобар стрелец е Израелецот Асаф Шарон со 79 погодоци.

Европско првенство, кадети, идеален тим:

Голман: Фредерик Вулф (Данска)
Лево крило: Јони Пејрабо (Франција)
Лев бек: Ѓорѓе Драшко (Србија)
Среден бек: Дагур Хеимисон (Исланд)
Десен бек: Оскар Јакобсен (Данска)
Десно крило: Хуго Виља Лопез (Шпанија)
Пивот: Бенет Штробел (Германија)
Дефанзивец: Мате Фазекаш (Унгарија)
МВП: Никола Рогановиќ (Црна Гора)
Најдобар стрелец: Асаф Шарон – 79 гола (Израел)

Шведска е нов кадетски шампион – ја доби драмата од 70 минути со Данска