Седум репрезентации имаат свои претставници во Ол Стар тимот на младинското Европско првенство, што се одржа во Словенија.
Шпанецот Хавиер Гонзалес и Германецот Давид Мор, се во идеалниот тим вторпат во серија, откако беа дел од истиот и на кадетското ЕП во 2022 година.
За шпанското лево крило всушност е третпат по ред, бидејќи беше избран меѓу најдобрите и на кадетското СП во 2023 година.
Најдобар лев бек е Данецот Фредерик Педерсен, кој пак лани беше МВП на кадетското СП во Хрватска.
Најдобар стрелец на континенталниот собир е репрезентативецот на Фарски Острови, Оли Митун, кој постигна 76 погодоци, а за најдобар голман беше избран Леон Бергман од Австрија.
Европско првенство, младинци, Ол Стар тим:
Голман: Леон Бергман (Австрија)
Лево крило: Давид Мор (Германија)
Лев бек: Фредерик Педерсен (Данска)
Среден бек: Хјалте Лике (Данска)
Десен бек: Патрик Андерсон (Норвешка)
Десно крило: Хавиер Гонзалес (Шпанија)
Пивот: Рикардо Брандао (Португалија)
Дефанзивец: Теодор Старк (Шведска)