По завршувањето на Светското првенство за кадети, каде Германија ја освои титулата по драматично финале против Шпанија (41:40 по пенали), ИХФ го објави идеалниот тим на турнирот.
Во „Ол-Стар“ тимот место најдоа ракометари од шест различни земји, меѓу кои сите три селекции од пиедесталот – Германија, Шпанија и Данска, но и Шведска, Египет и Словенија.
Шампиониот Германија имаат двајца во идеалната седморка – голманот Фин Кнак и пикерот Тим Шредер. Од финалистот Шпанија, во идеалниот тим се најдоа крилото Серхио Санчез Видан и најкорисниот играч, МВП на првенството, десниот бек Маркос Фис, кој постигна 61 гол.
Најдобриот стрелец на турнирот е словенечкиот лев бек Аљуш Анжиќ со 67 погодоци.
Ол-Стар тим:
Голман: Фин Кнак (Германија)
Десно крило: Абделрахман Али (Египет)
Десен бек: Емил Соренсен (Данска)
Среден бек: Никола Рогановиќ (Шведска)
Лев бек: Аљуш Анжиќ (Словенија)
Лево крило: Серхио Санчез Видан (Шпанија)
Пикер: Тим Шредер (Германија)
МВП: Маркос Фис (Шпанија)
Најдобар стрелец: Аљуш Анжиќ (Словенија) – 67 гола