Кога Вардар игра сериозно, нема проблеми – лесно се справи со Пролет

Вардар покажа слабост од десетина минути против Пролет, но во другите 50 минути беше доминантен и триумфираше со 34-29 (15-14) во меч од 17 коло до машката Супер лига. Остануваат вардарци во борбата за првото место на табелата во регуларнот дел од сезоната, а Пролет иако се засили со неколку ракометари зимава ќе мора да бара бодови на друго место во остварување на нивната цел пласман во плеј-офот.

Добра одбрана, брзи полуконтри и контри беше решението на Вардар за лесните голови против градскиот ривал. Го имаа вардарци и расположениот Еспиња меѓу стативите кога требаше екипата резултатски да се одлепи. Гогов пак беше специјалистот за одбранети пенали.

Вардар можеше уште во првото полувреме да ги реши дилемите, бидејќи имаше водство од „плус 6“ од 13-7. Но, откако тренерот Милано реши да ја смени првата петорка, и да направи неколку измени во составот брзо почна да се топи разликата. Пролет знаеше да ги искористи шансите, полека да ја намалува негативата и да дојде на само еден гол негатива. Имаа домаќините дури и шанса во последниот напад да израмнат, а двата шута на домашните ги одбрани голманот Еспиња.

Кај Вардар на трибините останаа Коиј, Мело, Георгиевски и Стојановски. Го имаа вардарци расположениот Лазаревски кој за 15 минути даде шест гола, а и одбраната делуваше цврсто. Потоа дојдоа измените и трипати Вардар имаше играч помалку во последните 11 минути од првото полувреме. Седум минути Вардар од 23 минута немаше постигнато гол, а во тој период Пролет петпати погодуваше за враќање на неизвесноста на средбата.

Мораше Вардар да стане посериозен во нападот, па се вратија дел од играчите кои беа во првото полувреме. „Црвено-црните“ трганаа со игра „седум на шест“ и тоа им донесе резултат. Набрзина со добра одбрана и брза полуконтра резултатот веќе беше 17-14 во 32 минута од мечот, а во следниот напад и Родригез погоди за водство од 18-14.

Она што одбраната ќе го пропуштеше завршуваше во рацете на Еспиња, а брзиот Родригез пак решаваше во корист на Вардар за предност 19-14. Вардарци делуваа „разбудено“ и мотивирано и брзо ја вратија разликата што ја имаа, па и плус стигнаа до 24-17 што беше највисока предност дотогаш. Време да реагира тренерот на Пролет, Никола Матлиевски.

Седум гола предност на Вардар беа залиха со која тој влезе во последните десет минути од натпреварот. Но, сега посериозен во пристапот и без да му дозволи на ривалот да се понадева на можен пресврт. Кога Вардар реши пак да игра „седум на шест“ повторно се појавија проблеми, а Пролет двапати постигнуваше гол по ред намалувајќи на 28-24. Она што не го искористија домашните не им го простија гостите, па зголемија на 30-24 во 55 минута.

До крајот веќе немаше многу дилеми околу победникот, па „црвено-црните“ рутински ја завршија започната работа. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Лазаревски со седум гола, односно Петриќ со шест, а кај Пролет се истакнаа Палевски и Стојановски со по шест реализации.

Во следното коло Вардар гостува кај Куманово, додека Пролет е домаќин на Охрид.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД17160132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР17150230
3ВАРДАР 196117150230
4ОХРИД17131327
5БУТЕЛ1790818
6ТИКВЕШ 20141782718
7ПРИЛЕП1762914
8ПРОЛЕТ1754814
9КУМАНОВО1740138
10СТРУГА1730146
11БИСИНОВ Ф. Л.1722136
12РАДОВИШ1701161