Прилепскиот ракомет е познат по тоа што најголемите успеси ги постигна играјќи во Универзналата сала. Но, таа од 2016 година не е во функција, а последниве месеци постојано е зборува за можно брзо отварање на вратите на салата. Но, веројатно тоа „брзо“ нема да биде баш брзо.
Уноверзалната сала во Прилеп не се знае кога и дали ќе биде пуштена во употреба. Проблем е што се уште нема одобрение од Институтот за земјотресно инжинертсво кое треба да даде зелено светло.
Се чека изработка на проект, за да се утврди што се треба да се направи, и колку пари ќе чини. Дури потоа ќе се знае дали АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе има доволно пари тоа да го среди, или пак ќе се бараат пари од државата.
Машкиот ракометен клуб Прилеп сака да ја добие салата под концесија и да вложи во нејзино реновирање и обезбедување подобри услови за тренирање и играње. Но, се дури Институтот за земјотресно инижинертсво не даде одобрение, не може истата да се користи. Проблем е еден дел од салата – „тераса“ за која постои сомнение дека можеби е несигурна. И дури не се испита статиката слаата нема да биде во функција.
Се дотогаш натпееварите прилепските екипи ќе ги играат во салата во СОУ „РР Ричко“ која иако е дотерана, не ги задоволува потребите на клубовите кои имаат големи амбиции. Во истата сала ќе се игра и турнирот „Мле Нешкоски“ на крајот од август.