Тимот на Вардар, предводен од Борјана Коцева, славеше на гостувањето кај Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 34-22.
Натпреварот од 16 коло во Женската лига беше решен уште по првото полувреме, кога избраничките на Анжела Платон направија залиха од пет гола, 15-10.
На стартот на второто полувреме вардарки се одлепија на плус девет, 21-12 и до крајот немаше дилеми околу победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Борјана Коцева со десет гола од десет обиди и Дона Тодоровска со осум, додека во составот на Овче Поле СУ, Јована Конева имаше 11 реализации.
Во следното коло Вардар ја пречекува Гевгелија, додека Овче Поле СУ ќе гостува кај Пелистер.