Коцева: Ѓорче Петров може да одговори на големиот предизик против Елче

Македонскиот шампион Ѓорче Петров доби тежок ривал во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп и ќе мора да се соочи со шпанскиот Елче.

Иако шпанскиот состав е ослабен во споредба со пред две сезони кога го освои трофејот во ова натпреварување, сепак не смее воопшто да биде потценет.

Ѓорче Петров ќе ја има предноста да игра два пати на домашен терен, а средниот бек Бојана Коцева вели дека нејзиниот тим може да одговори на големиот предизвик.

„Елче е доста добра екипа иако со изменет состав од пред две сезони, ја играат таа типична шпанска брза игра, но сметам дека ние со нашиот состав можеме да одговориме на овој предизвик. Акцент ставаме на затварање на нивната бековска линија, но тоа го чуваме за овие два натпревари што следат“, вели Коцева.

Македонскиот првак влегува со амбиции да одбрани двојна круна на домашно тло и да дотурка подалеку во ЕХФ Европскиот Куп.

„Оваа сезона иако сме во доста помлад состав за разлика од минатите години, верувам во сите од девојките дека ќе дадеме се од себе и за овие европски натпревари и во домашното првенство“, заврши Коцева.

Првиот натпревар меѓу Ѓорче Петров и Елче формално е гостин е закажан за 8 ноември од 12:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, додека реваншот меѓу овие две екипи ќе се игра на 9 ноември во истото време на истото место.