Клупски доктори го советуваат да не игра на ЕП – репрезентативните тврдат дека е спремен!

Десното крило на Веспрем и француската репрезентација, Јанис Лене, најверојатно ќе го пропушти Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Лене има повреда на коленото што ја заработи на дуелот против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.

Клупските доктори го советуваат да паузира и да не игра на ЕП, односно препорачуваат мирување од неколку недели, додека оние доктори на националниот тим тврдат обратно – дека Лене ќе биде подготвен за настап.

Како ќе се заврши оваа ситуација, останува да се види на почетокот на подготовките на Франција на 1 јануари.

Селекторот на Франција, Гијом Жил, на списокот на десната крилна позиција ги има Беноа Конку од полскиот Келце, кој исто така е повреден, како и Бенјамин Рише.

Французите ќе играат во група со Норвешка, Украина и Чешка.