Унгарската ракометна федерација ги прогласи најдобрите поединци за годината што полека завршува.
Најдобра унгарска ракометарка е Катрин Клујбер, која имаше одлични настапи и за клубот Ференцварош и за репрезентацијата на ОИ и ЕП.
Најдобар унгарски ракометар е Имре Бенце, кој го оствари трансферот од соништата и премина од Ференцварош во Кил, а блескаше за националниот тим на ЕП и ОИ.
За најдобри ракометар и ракометарка во младинска категорија се прогласени Петра Шимон од Ференцварош и Мате Фазекаш од Ѓер.