North Macedonia vs Qatar, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 23.01.25, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Кизиќ: Покажавме дека може да играме против силни репрезентации

Репрезентацијата на Македонија утре ќе го одигра последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.

Голманот Марко Кизиќ ги истакна очекувањата за утрешното соочување со репрезентацијата на Франција, која е голем фаворит за првите места на Мундијалот

,,Нормално се подготвуваме за Франција како и za сите други натпревари, ќе го дадеме максимумот на тој натпревар, ќе се обидеме да се покажеме во добро светло, не треба да се трошат зборови за Франција, знаеме колку е моќнa, но ќе си ги пробаме шансите, доколку излезат останатите резултати во наша корист и ние стигнеме до четвртфинале, тоа ќе биде навистина огромен успех за нас, но нашиот фокус е само Франција, одиме на сѐ против Франција. Сите се квалитетни таму, мора добро да се снајдеш со нив”, вели Кизиќ.

Членот на Алкалоид настапот на Мундијалот го оцени како доста успешен.

,,Мислам дека имавме едно добро првенство, покажавме дека можеме да игра против силни репрезентации и силни играчи, можеби фалеше среќа и искуство на дел од натпреварите, но нашата младост која ја имаме ни дава простор за повеќе да напредуваме и да бидеме подобри во иднина”, заврши Кизиќ.

Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Франција е на програмата од 20:30 часот.

Костески: Се надевам дека по ова СП ќе одиме само нагоре