Машката репрезентација на Македонија утре го започнува настапот на Европското првенство со дуел против Франција.
Голманите Марко Кизиќ и Мартин Томовски имаа можност да тренираат за првпат на стадион и се импресионирани од глетката.
„Малку сме шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Преубава е атмосферата со празен стадион, едвај чекаме да го видиме и наполнет. Се е одлично во Диселдорф и едвај чекаме да започне натпреварот“, вели Кизиќ.
Томовски вели дека ќе биде чест и задоволство да се биде дел од историјата.
„Неверојатно е чувството, пријатно сме изненадени. Ќе биде чест и задоволство да се настапи на еден ваков стадион од големо значење, да се испише историја, нас ни останува да уживаме и да дадеме се од себе“, вели Томовски.
Македонија и Франција утре од 18:00 часот ќе го стартуваат натпреварот на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф пред повеќе од 50.000 гледачи.