Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, останува на истата позиција најмалку до 2029 година.
Македонската куќа на ракометот и актуелниот тренер на „сино-белиот“ тим од Автокоманда ја продолжија соработката за уште три години.
Неговиот договор истекуваше во јуни годинава, а сега е продолжен за уште три години и тој останува да ја води Македонија до 2029 година.
Следен предизвик за Лазаров и Македонија е настапот на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, а потоа и баражот за СП 2027.
Лазаров е селектор на Македонија од ЕП 2022, но ниту еднаш со македонската селекција нема обезбедено пласман во главната рунда на големо натпреварување.

























