Кирил Лазаров останува „крал на стрелците“ на Мундијалите!

Легендарниот Кирил Лазаров и понатаму останува рекордер со најмногу постигнати погодоци на едно Светско првенство.

Рекордот на Лазаров од Мундијалот во Хрватска (2009) кога постигна 92 погодоци сѐ уште останува недопрен.

На штотуку завршеното Светско првенство 2025 за најдобар стрелец беше прогласен Данецот Матијас Гидсел.

Членот на Фуксе Берлин имаше уште едно одлично издание на Мундијалите и на девет натпревари успеа да постигне 74 погодоци.

 

Гидсел МВП и најдобар стрелец на Мундијалот, двајца Хрвати во ол-стар тимот!