Кипријановска во одлична форма пред ЕП

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска игра во одлична форма пред стартот на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Нејзиниот тим Ле Самбр Авенуа загуби на домашен терен од екипата на План Де Кук со 38-33, но десниот бек имаше значајна улога.

Кипријановска беше втор стрелец во Ле Самбр Авенуа и успеа да постигне шест погодоци, а од нив три беа од пенал.

Ле Самбр Авенуа сега е на деветтото место во францускиот шампионат со биланс од три победи и четири порази, односно 13 бодови, а следниот натпревар го игра во 2025 година, бидејќи претстои паузата за ЕП 2024.