Кипријановска со нов предизвик во новата година – се сели во Полска!

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска ќе има нов клуб во пролетниот дел од сезоната.

Откако си замина од унгарскиот Сомбатељ, Кипријановска е многу блиску до трансфер во Полска, дознава 24Ракомет.

Таа е на мета на полскиот клуб Калиш, но преминот на десниот бек што игра во добра форма се уште не е официјализиран.

Кипријановска потекнува од Куманово, во Франција играше за Самбр Авенуа, а летово се пресели во Сомбатељ.

Сепак унгарската авантура не траеше долго и македонската репрезентативка ќе влезе со нов предизвик во новата година.