Македонската репрезентативка Јована Кипријановска со екипата на Ле Самбр Авенуа остварија голем успех во Франција.
Ле Самбр Авенуа одигра одлично во оваа сезона и настапот во прволигашката конкуренција во Франција го заврши на првата позиција.
Тимот на Кипријановска со освоеното прво место за следната сезона си обезбедија настап во француската елита.
Кипријановска фантастично ја одработи втората сезона во Ле Самбр Авенуа и пред извесен период го продолжи договорот на уште една сезона.
Тоа значи дека македонската репрезентативка во следната сезона ќе има можност да игра против најдобрите француски клубови – Мец, Брест Бретањ, Париз, Нант…