Тимот на Самбр Авенуа, каде што настапува македонската репрезентативка Јована Кипријановска, славеше против Стела Сен Маур со 23-21.
Кипријановска се врати на ракометните терени по неколку недели пауза, откако не играше на репрезентативните дуели против Србија, а пропушти и еден дуел од францускиот шампионат.
Десниот бек ја имаше капитенската лента во домашниот тим, а успеа да погоди еднаш од пенал во мрежата на гостинскиот тим.
Кипријановска би требало да биде максимално подготвена за бараж двомечот за пласман на СП 2025 против Полска во април.
Самбр Авенуа сега има 29 бодови на осмото место, а во следното коло ќе му гостува на План Де Кук.