Тимот на Рух Калиш, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, загуби кај полскиот првак Заглебје Лубин со 39-25.
Во натпреварот на гостински терен, Рух Калиш и покрај одличната партија на Кипријановска, имаше негатива од седум гола, 17-10.
Македонскиот десен бек беше меѓу најзабележителните на теренот и успеа да постигне седум гола во противничката мрежа.
Следен предизвик за Рух Калиш и Кипријановска ќе биде разигрувањето за опстанок во полската елита.



















