Тимот на Самбр Авенуа, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, запиша гостински триумф кај Стела Сен Маур.
Во натпреварот од 3 коло во францускиот шампионат, Самбр Авенуа победи со 28-27, иако губеше со 26-22 во последните десетина минути.
Сепак тимот на Кипријановска, предводен од македонската репрезентативка, која беше најдобра на теренот со шест гола, успеа да стигне до нови бодови.
Следен предизвик за десниот бек и нејзиниот тим ќе биде домашниот натпревар против последнопласираниот тим во Франција, Мерињак.