Женската репрезентација на Македонија одигра драматичен натпревар против Турција, 25:25, во рамки од 2. коло на Европското првенство 2024.
Иако Македонија можеше да победи и да добие два важни бода, сепак, Турција се врати во последните десет минути, а ремито е најреален исход за денешниот драма меч.
Една од подобрите во таборот на Македонија беше Јована Кипријановска, која со гол од пенал при финишот од натпреварот ги постави конечните 25:25.
,,Покажавме дека сме тим, ова е тим што ќе оди многу напред, ова можеби е еден почеток за тоа што доаѓа од нас. Покажавме дека сме прекрасен тим, но има уште многу да се работи, многу емоции, искрено, на сите ни е криво, но од друга страна сите сме среќни што го оставивме срцето на терен. Ова беше тимски бод. Од она што анализиравме, знаевме како да одиграме, среќата можеби не беше на наша страна во одредени моменти, но среќни сме “, изјави Кипријановска.
Македонија во последното 3. коло од групната фаза ќе игра против Унгарија, која денес славеше над Шведска.