Францускиот Ле Самбр Авенуа, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, забележа триумф во наптревар од Втората лига.
Ле Самбр Авенуа славеше на гостински терен кај Ле Пузен со 33-14, во дуел од седмата рунда.
Кипријановска беше меѓу најдобрите во победничкиот состав и успеа да постигне четири гола од пет обиди.
Следен предизивк за Ле Самбр Авенуа и македонскиот десен бек ќе биде домашниот двобој со Ним Метропол.