Кипријановска дебитираше за Сомбатељ, со Џатевска го победија Крим

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска дебитираше за новиот клуб – унгарскиот Сомбатељ.

Десниот бек настапи на пријателскиот натпревар против словенечкиот Крим што се одигра во Унгарија.

Кипријановска, Ивана Џатевска и нивните клупски колешки славеа против учесникот во Лигата на шампионите со 32-30.

Во текот на утрешниот ден, Сомбатељ, клубот на двете македонски репрезентативки ќе игра пријателски дуел со романската Глорија Бистрица.

Кипријановска ја игра првата сезона во унгарскиот тим, додека Џатевска ја стартуваше втората сезона во Сомбатељ.