Раководството на германскиот гигант Кил ќе организира проштален натпревар за двајца од играчите што заминуваат.
Многу легендарни ракометари ќе се појават во „Вундерино Арена“ на дуелот во чест на Никлас Екберг и Штефан Вајнхолд.
Актуелниот состав на Кил ќе игра против „тимот на ѕвездите“, во чиј ростер најавени се Никлас Ландин, Матијас Андерсон, Микаел Апелгрен, Доминик Клајн, Маркус Алм, Ким Андерсон, Марко Вујин, Тобијас Карлсон…
Овој натпревар ќе се игра на 16 август и ќе биде одлична можност за навивачите на Кил да ги поздрават своите миленици Екберг и Вајнхолд.
37-годишниот десен бек Вајнхолд го најави своето повлекување од терените на крајот на оваа сезона, додека Екберг ќе продолжи да игра во шведскиот Иштад.
Вајнхолд цели десет сезони го носеше дресот на Кил, додека Екберг играше во дресот на „зебрите“ 12 сезони.