Кил и Берлин ќе ја отворат сезоната со Супер Kупот на 23 август 

Германската ракометна Бундеслига го објави календарот за новата сезона 2025/26. Сезоната ќе започне на 23 август со натпреварот за Суперкупот на Германија, во кој во Минхен ќе се сретнат двата гиганти – Кил и Берлин.

Четири дена подоцна, на 27 август, ќе започне и првото коло од шампионатот.

Натпреварот кој ќе го отвори сезонското коло ќе биде дуелот помеѓу Хановер и Гумерсбах.

Сезоната ќе заврши на 7 јуни, а последното, 34. коло, носи дерби пресметка помеѓу Берлин и Фленсбург.